Малопродажните цени на бензините и на екстралесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, а дизелот поефтинува за два денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 70,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 46,00 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поефтинува за два денари и ќе чини 57,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,940, на 32,865 денари за килограм. Одлуката на Регулаторната комисија за намалување на цените на нафтените деривати за 2,82 отсто се должи на намалувањето на цената на суровата нафта на светските берзи и зголемување на курсот на доларот.
Малопродажните цени на бензините и на екстралесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, а дизелот поефтинува за два денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 70,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 46,00 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поефтинува за два денари и ќе чини 57,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,940, на 32,865 денари за килограм.
Одлуката на Регулаторната комисија за намалување на цените на нафтените деривати за 2,82 отсто се должи на намалувањето на цената на суровата нафта на светските берзи и зголемување на курсот на доларот.